24.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Ураганот Хосе се приближува кон САД, издадено предупредување за тропска бура

spot_img

Предупредување за тропска бура е објавено за дел од американската област Нова Англија, додека ураганот Хосе се приближува кон североисточниот брег на САД.Предупредување за тропска бура е објавено за дел од американската област Нова Англија, додека ураганот Хосе се приближува кон североисточниот брег на САД.

Националниот центар за урагани на САД, со седиште во Мајами, соопшти дека предупредувањето стапи во сила за делот кој се протега од Воч Хил во американската сојузна држава Роуд Ајланд до местото Хал во сојузната држава Масачусетс.

Се очекува дека бурата ќе остане вон брегот, но се предупредува дека во наредните неколку денови можни се крајбрежни поплави на подрачјето од сојузната држава Делавер до североисточната област Нова Англија.

Од Центарот во Мајами наведуваат дека се очекува мала промена на јачината во наредните 24 часа и дека бурата подоцна малку ќе ослабне.

Најсилните ветрови денеска беа речиси 120 километри на час.

поврзани објави

         

Последни објави