Пишува: Емилија Александрова
Куриозитет, вистина и сурова реалност.
Еврпското знаменце ќе стаса и до Источна Македонија. Трик Прашање : Ќе се европеизираме, , ќе се албанизираме или некој ќе рече ќе се глобализираме .Но најверојатно најмалку се македонизираме.
Многу замки, многу стапици, правно –формални , но никако објективни и реални за да може обичниот граѓанин – народски да ги разбере.
Ете така накратко е составен Законот за употреба на јазиците или познат во јавноста како Закон за двојазичност, каде зад превезот на таа форма на множина се крие само албанскиот.
Ајде да видиме што тоа би значело за Источна Македонија односно неговата практична употреба.
Член 1 став 3 : Во сите органи на државната власт во РМ , централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии , правни лица кои вршат јави овластувања согласно закон и други институции , службен јазик порај македонскиот јазик и неговото писмо , е и јзикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо на начин определен со овој закон.
Токму овие последни зборови „на начин определен со овој закон“ е клучот на играта , каде ништо не е дефинирано до крај, а тоа би значело простор за негова злоупотреба и каде не е потребно и нормално, негова примена , само затоа што некој мора да се додворува на некој друг, па такви мали пикантерии би имале огромен негативен ефект од институционален и човечки аспект и би биле колатерална штета на кусогледоста на новата власт каде и последиците не би допреле до нарачателите.
Затоа граѓани на Источна Македонија , спремајте го Вашето визуелно поле од сите страни да биде пресретнато со двојазични табли на сите институции и како шлаг на кремот, за да се покрие срамот што СДС го спрема , ќе бидат и на англиски јазик, сите испишани со ист фонд, сакајќи на тој начин да ја релативизираат состојбата одразена со овој Закон за употреба на јзиците.
И секој пат кога ќе ги гледаме овие двојазични табли во Штип, Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, Пробиштип, Крива Паланка, Македонска Каменица, како да сме лоботомирани, треба да мислиме дека со тој чин сме европеизирани и на добар пат на секој од нас, поединечно и институционално, молчејќи , нереагирајќи, ја водиме нашата држава се поблиску до ЕУ , нели европското знаменце е во прашање и тоа ја одредува судбината на сите нас.
Затоа Штипјани, Кочанчани, Виничани , Беровчани , Делчевчани, Каменичани, Пробиштипјани , Паланчани , спремајте ја Вашата свечена европска одора , затоа што морате да дадете подршка на Вашите избраници во Парламентот кои Креваа раце за европското знаменце, , непрашувајќи ве , решија по сила на закон да Ве европеизираат – албанизираат.
Истите Вие жители на Источна Македонија , кога ќе одите во продавница – Вашите пари ќе бидат двојазични, во банка Вашите уплатници, било какви фискални извештаи ќе бидат двојазични, ,поштенските марки исто така ќе ја сиболизираат двојазичноста.
Полицајци, пожарникари , здравствени работници од истокот : Дали сте спремни?
ДАЛИ ВИЕ сте спремни да носите униформи со двојазични амблеми?
ДАЛИ ВИЕ сте спремни целата ваша писмена кореспонденција да биде двојазична?
ДАЛИ ВИЕ сте спремни да ги отстапите работните места на Вашите ќерки, синови, внуци, снаи, зетовци, , пријатели и роднини , на лица кои што го знаат албанскиот јазик, а убедена сум дека никој од погоре наведените не го познава , затоа што ќе мора да вработат во сите централни институции што е предвидено со овој закон.
Дали сите ВИЕ бевте прашани : ДАЛИ ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ДВОЈАЗИЧНА?
Дали сите Вие сакате да бидете европеизирани (албанизирани)?
И за крај дали сите Вие вработени сте спремни да бидете санкционирани оти не го познавате албанскиот јазик , оти недај боже ќе се доведете во ситуација да одговорите писмено или усмено на странка ,што зборува албански јазик, а ВИЕ незнаете.
ДАЛИ СИТЕ НИЕ СМЕ СПРЕМНИ???