Англискиот фудбалер Jamal Lascelees сподели со своите фанови една интересна и многу симпатична приказна поврзана за неговата мајка. Имено, овој 23. годишен фудбалер кој игра за Њукасл се уште од својата мајка добива по пет фунти за секој гол што го постигнува, што е нејзин обичај кој трае од неговите детски денови. Додека Lascelees настапуваше за младинската селекција на Нотингем Форест, неговата мајка го стимулираше симбоично со награда од пет фунти за секој гол кој го постигнува, со цел тој да се труди се повеќе на тренинзите и фудбалските натпревари. На фудбалерот тие пет фунти додека беше помал му значеа многу, но вели дека и ден денешен им се радува на посебен начин.
Jamal Lascelles игра на позицијата стопер, но оваа сезона е доста расположен за постигнување голови. Во последните два натпревари, Lascelles постигна два гола со кои на Њукасл му донесе две победи, а со тоа стана побогат за 10 фунти.