-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

3000 литра бесплатно пиво и лудило: Дочек на кошаркарите во Љубљана

Синоќа Словенија испиша историја во Истанбул. Словенците во финалето на ЕвроБаскетот ја совладаа Србија со резултат 93:83 и на тој начин дојдоа до златниот медал кој ширум Словенија се прославуваше се до раните утрински часови.

А вечерва Градич и неговото друштво стигнаа во Љубљана каде што на главниот градски плоштад им беше организиран и голем дочек.

Златните кошаркари ги дочекаа околу 20 000 распеани граѓани, а интересно е што градските власти обезбедиле 3000 литра бесплатно пиво на сите кои дојдоа на пречекот.
Како изгледаше дочекот на сјајните словенечки кошаркари можете да погледнете во следниот видео прилог

https://www.youtube.com/watch?v=awkO_irj7sw

поврзани објави

Последни објави