8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

„Ѓаволите“ го вратија заштитниот знак: Јунајтед како во времето на Фергусон!

Додека Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер Јунајтед, тимот стана познат по доцните голови.

Периодот во финишот заедно со судиското продолжение беше наречен “Ферги тајм” во чест на шкотскиот стручњак кој на таков начин доби еден куп натпревари иако исто така ја загуби титулата во 2012 година. Четири сезони по заминувањето на Фергусон, Јунајтед го враќаат својот заштитен знак – нема спектакуларни пресврти како во времето на Шкотланѓанецот, но има голови во финишот.

Оваа сезона, “црвените ѓаволи” постигнаа 20 гола во сите натпреварувања. Од нив десет паднаа по 80. минута. Против Евертон во неделата дури три: на Микитаријан, Лулаку и Марсијал. Претходно Јунајтед постигна еден гол против Лестер, три против Свонси и уште два против Вест Хем. Десеттиот е од Лигата на шампионите против Базел.

Со ова Јунајтед под водство на Мурињо е на пат да го собори рекордот на Фергусон. Тој датира од сезоната 1998/99 кога беа постигнати 21, а два од нив паднаа во легендарното финале од Лигата на шампионите против Баерн.
Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави