6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Антиќ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатото активно работеше на економска промоција на Македонија за да потткине безборој странски инвестиции

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што беше сконцентрирана на политичкиот дел во водењето на дипломатски односи со соседните држави имаше и еден сегмент на економска дипломатија, тоа е еден од исклучителна важност за нашата држава и привлекувањето на странските инвестиции, ова денеска на отворената дебата со Комисијата за Надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Мартина Атниќ

Благодарение на активниот ангажман на вработените во дипломатско конзуларните претставништва се работеше за една економска промоција на Република Македонија и на тој начин дополнително да се даде еден поттик за добивање на инвестиции и со тоа да се подигне стандардот на македонските граѓани. Благодарение на овие вработени ние имаме еден куп странски инвестиции и исто така соработката помеѓу Македонија и Кина не смее да се заборави бидејќи таа ни помага за градење на автопатите Демир Капија-Смоквица и Кичево-Охрид кои за жал сега се стопирани од владата на СДСМ, истакна Антиќ.

Таа вели дека намерно се прават опструкции за пуштање во употреба на автопатите, а сето тоа оди на штета на македонските граѓани.

-Она што е исто така поразително е дека дипломатијата не се води само  внатре во државата и затоа имаме дипломатски претставништва низ светот каде што освен политичкиот дел се залагаат и за економски дел и носење на инвестиции. Моментално еден од најголемите скандали на СДСМ и министерот Никола Димитров е тоа што го стагнираше огласот за професионален кадар во дипломатско конзуларните претставништва и 19 вработени од МНР и искусни дипломати не се испратени на нивните мандати, а одговорот никој не го знае зошто овие вработени се уште не се испратени, потенцираше Антиќ.

поврзани објави

Последни објави