Во 2008-ма, а потоа и во 2011-та, заедно со група пратеници, во мојот кабинет, го правев Законот за јазици но беше во рамките на Уставот и Рамковниот договор, рече поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
Тој изјави дека на него и на останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не треба да им се става на товар дека се против овој Закон.
– Ние сме за овој Закон, само доколку е во рамките на Уставот и Рамковниот договор, рече Вељаноски.
Екс претседателот на Собранието нагласи дека во тој период, пратеничката од редовите на СДСМ, Радмила Шекеринска велела дека тој Закон е противуставен, а сега и се брза да биде изгласан, па дури и му стави европско знаменце.
На дневен ред во Собранието е Предлог законот за јазиците, пратениците од двете најголеми партии заедно со ДУИ веќе неколку дена се препукуваат кој е виновен за ситуацијата во која се наоѓаат Албанците како и уставноста на предложениот закон.
А1он