27.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Влада на РМ: Немало директна тет-а-тет средба на Заев и Трамп

По реакциите во јавноста и видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, денеска на брифинг, од Секторот за односи со јавност на Владата одговорија дека немало директна тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп, посочија на утринскиот брифинг со новинарите од Секторот за односи со јавност на Владата .

Средбата, како што посочија, всушност е состанок организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

На брифингот беше посочено дека станува збор за несреќна формулација, која била споделена на фејсбук-страницата на премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев беше во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Никола Димитров и Едмонд Адеми.

Од владината прес служба до медиумите претходно беше лиферувано соопштение за средбата.

поврзани објави

     

Последни објави