Американскиот претседател Доналд Трамп денеска излезе со жестока изјава за Северна Кореја. Тој рече дека Северна Кореја ќе биде целосно уништена доколку им се заканува на САД или на нивните сојузници. На таквата изјава, реагираше германската канцеларка Ангела Меркел која за медиумите изјави дека не ја поддржува изјавата на американскиот претседател.
„Не ја поддржувам таквата закана. Сметаме дека секое воено решение е сосема несоодветно и ги претпочитаме дипломатските напори. Според мене, тоа се санкциите и нивното спроведување. Се друго во врска со Северна Кореја го сметам за погрешно“, изјави Меркел во интервју за Дојче Веле, додавајќи дека разговарала телефонски со Трамп пред неговиот говор во ОН.
Германската канцеларка Меркел рече дека и покрај тоа што овој конфликт е далеку од нив, тоа ги засега и нив, затоа таа и министерот за надворешни работи се подготвени да превземат одговорност за решавање на тоа прашање.