20.8 C
Skopje
Sunday, October 27, 2024

Средба Коѕиас-Димитров во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕиас и Никола Димитров вчера имале заедничка вечера во Њујорк, каде присуствуваат на Генералното собрание на ОН.

Грчкото МНР на Твитер објави фотографии од средбата, но не соопшти ниту еден друг детал. Засега нема никакви информации ниту преку грчките медиуми за што разговарале двајцата министри.

Коѕиас пред два дена во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, со кого, меѓу другото, разговарале и за прашањето за името. Шефот на грчката дипломатија по средбата, на која присуствувал и медијаторот Метју Нимиц, изрази уверување дека после изборите постои прозорец за можности за дискусија за прашањето за името, ако се напушти иредентизмот.

поврзани објави

Последни објави