5.8 C
Skopje
Sunday, October 27, 2024

Мицевски: СДС ги уништува земјоделците и калкулира со нивната мака

Социјалдемократскиот сојуз не запира со своето неодговорно однесување кон земјоделците. Љупчо Николовски, од позиција на пратеник во мај годинава ги посети земјоделците во Ресенско ветувајќи дека по доаѓањето на власт на СДС тие веднаш ќе бидат обештетени. СДС дојде на власт, а веќе три и пол месеци отштетата кон земјоделците не е исплатена, обвини Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцираше дека исплата на оштета чекаат и земјоделците од Неготинско и Кавадаречко.

-ВМРО-ДПМНЕ додека раководеше со владата формира стручна комисија која изврши процена на штетите и ги достави извештаите до министерството за земјоделие.Од предавањето на документацијата до денес поминаа три и пол месеци, а земјоделците сеуште чекаат да бидат обештетени. СДС ја кочи целата постапка. Иако барањата со записниците од увид биле доставени од страна на министерството за земјоделие до Бирото за судски вештачења согласно законските регулативи и во предвидените рокови сепак до денес нема никакви пресметки за настанатата штета, изјави Мицевски.

Тој вели дека информацијата до која дојде ВМРО-ДПМНЕ, а која имаат право да ја знаат оштетените земјоделци е дека  министерот за земјоделство без размислување и трошка почит кон земјоделците испратил допис и побарал од Бирото за судски вештачења да не постапува по барањата и записниците за утврдување на штети и побарал да му ја вратат целокупната документација во МЗШВ.

-СДС ги крши законите и креира хаос во земјоделието со цел да ги уценува и манипулира земјоделците. СДС ги уништува земјоделците и калкулира со нивната мака не превземјаќи ништо за обештетување на земјоделците веќе 4 месеци откако завршија теренските активности на комисиите. Го прашуваме министерот за земјоделие Љупчо Николовски зошто не му дозволил на Бирото за судски вештачења да пресмета штета на уништените насади  на оштетените земјоделци? Зошто министерот за земјоделство ги повлекол барањата и записниците за утврдена штета на земјоделците од Бирото за судски вештачења, прашува Мицевски.

Мицевски прашува дали граѓаните гледаат дека СДС нема намера да ги исплати штетите на земјоделците, купува време и повторно ги лаже и манипулира земјоделците.

поврзани објави

Последни објави