„СДС не престанува да ги понижува граѓаните. СДС кандидира градоначалник за Бутел, кој живее во Центар.
Скандалозно е во Бутел да се кандидира градоначалник кој воопшто не живее во Бутел.
СДС мора да им одговори на Бутелчани како човек кој не живее во Бутел ќе одговори на нивните проблеми и потреби.
Бутел не е во приоритетите на СДС. Единствено што ја интересираат СДС се бизнис интересите и окупирање на општинската власт. Тие јавно се фалат дека договориле партиски бизниси и дека на тој начин планираат да владеат со општината
Ова е уште едно срамно и неодговорно однесување на СДС.
На Бутел му треба градоначалник кој ги знае нивните потреби и кој ќе понуди реално решение за нивните проблеми.
Бутел и Бутелчани нема да го дозволат ова несериозно однесување на СДС и на 15-ти октомври ќе ги казнат!“, изјави Дејан Митровски, ВМРО-ДПМНЕ.