4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ХАН И МОГЕРИНИ: Местото на балканските земји е во европското семејство

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, денеска во заедничка изјава за медиумите го повторија нивниот став дека местото на земјите од Балканот е во европското семејство. Тие ја повторија поддршката од ЕУ за интеграцијата на балканските земји.

Претставниците на ЕУ истакнаа дека ЕУ ја дава својата поддршка на сите партнери кон целите кои се реални и остварливи, за нивниот прогрес да биде неповратен до крајот на нивниот мандат.

Тие остварија средба со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, како и со претседавачот на Босанското претседателство.

Македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со Хан добил порака да продолжи демократски да ги спроведува реформите, бидејќи резулаттите ќе бидат од значење не само за Македонија, туку за целиот регион.

поврзани објави

Последни објави