13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Скопјанка удирана и навредувана поради паркинг

Вчера во 19:30 часот во полициска станица, 35-годишната А.С.С. од Скопје, пријавила дека околу 15:45 часот на улица Антонио Грубишиќ откако го зела нејзиниот малолетен син од училиште тргнала кон нејзиното возило при што забележала дека до него стојат две машки лица и едно женско лице.

– Истите веднаш почнале да ја навредуваат заради тоа што таму го паркирала возилото, а едно од лицата почнало да удира со тупаници по хаубата, потоа ја отворило вратата од возилото и со дланката ја удрило во пределот на главата, по што А.С.С. исплашена го стартувала возилото. Лицето почнало да удира по возилото, по што го искршило десниот ретровизор, а оштетената успеала да побегне – велат од Министерството за внатрешни работи и додаваат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави