Кристијано Роналдо константно веќе неколку месеци се поврзува со заминување од редовите на мадриски Реал
Најдобриот фудбалер на светот наводно имал понуда да се врати во Манчестер Јунајтед, но до нов трансфер не дошло бидејќи Португалецот остана во кралскиот клуб.
Договорот во Реал му трае до 2021. година. Имено, раководството на Реал му понуди на Роналдо продолжување на соработката на уште една сезона, што Роналдо со задоволство би го прифатил, но тој поставил високи услови. Тој побара плата од 30 милиони евра за последната сезона, што ги разочара челниците на Реал, бидејќи Португалецот и сега заработува огромна сума на пари и тоа преку 22 милиони евра по сезона.
Португалскиот велемајстор би требало да го одработи договорот со Реал до самиот крај. До 2021 година, тој ќе има 36 години, но нема намера да престане да се занимава активно со фудбалот. Извесно е дека Роналдо својата кариера ќе ја продолжи во MLS. Дејвид Бекам му нуди место во екипата на Мајами која го почнува своето натпреварување од наредната година, а порано најдобриот фудбалер на светот се поврзуваше и со Ла Галакси.