15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Премиерот Заев утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Делегацијата предводена од премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 72. Генерално собрание на ОН кое неделава се одржува во Њујорк.

Првата дебата на Генералното собрание се отвори во вторникот, кога свое премиерно обраќање во ОН имаше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во своето обраќање Трамп меѓудругото порача да се направат структурни реформи во ОН со намалување на бирократијата и вработениот кадар.

Во текот на изминатите неколку денови Заев учествуваше на повеќе настани и имаше низа значајни средби со лидери од Европската Унија но и со лидери на други земји, а во понеделникот тој оствари кратка средба и со Трамп.

Меѓу останатите настани, Заев утре ќе се сретне и со Гутереш, а вчера имаше работни средби со еврокомесарот Јоханес Хан и со Федерика Могерини, високата претставничка за надорешна политика на ЕУ. Тие потоа имаа заедничка вечера со лидерите од земјите на Западен Балкан.

Заев денеска се сретна и со белгискиот премиер Чарлс Мишел, а утре исто така ќе се обрати на Универзитетот Колумбија во Њујорк во рамки на панел дискусијата „Нов почеток на Балканот: Враќање на демократијата и обнова на животната средина во склад со Целите за одржлив развој.“ Настанот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Швајцарската агенција за развој и соработка и Универзитетот Колумбија.

 

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави