6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

НАДЕЖ: Ова е Јерај Алварез, 22. годишен фудбалер кој успеа да ја победи болеста…. (ФОТО)

Ова е Јерај Алварез кој има 22 години, еден од најдобрите млади фудбалери на Шпанија и играч на Атлетик Билбао. Дефанзивецот на тимот од Баскија минатата сезона беше дијагностициран со тумор на тестиси. По макотрпна рехабилитација тој успеа да ја победи болеста и само неколку месеци подоцна се врати на теренот. Јерај играше одличен фудбал кој го однесе до младата репрезентација на Шпанија до 21 година која настапи на Европското првенство во Полска. Во пресрет на самото натпреварување повторно му беше пронајден тумор на тестиси, односно болеста по втор пат била пронајдена во неговото тело. Шпанецот разочаран поради тоа што ќе го пропушти првенството, единственото нешто што му преостана беше да се соочи со истиот процес на рехабилитација и хемотерапија.

Фото

Вчера, менаџерот на Атлетик Билбао потврди дека Јерај Алварез повторно е победник во битката со туморот на тестиси и успешно се излечил! Шпанецот веќе започнал со лесни тренинзи и чека зелено светло од докторите за во наредните денови да се приклучи на првиот тим на Билбао. Ова е неверојатна приказна која е само дополнителен мотив за сите спортисти, Манчестер Јунајтед секогаш ни е на прво место, но некогаш треба да се гледа и целосната слика. Од сѐ срце му посакуваме на Алварез успешна кариера. Со оглед на неговиот раскошен квалитет и потенцијал кој го сместува помеѓу врвот на најталентираните дефанзивци во Шпанија, можеби само прашање на време е кога некој поголем клуб ќе покаже интерес за неговите услуги, зошто тоа да не биде и Манчестер Јунајтед!

поврзани објави

Последни објави