-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тони Михајловски бара слобода за ИГОР ЈУГ

Актерот Тони Михајловски на „Фејсбук“ сподели фотографија со парола на која пишува „Слобода за Игор Југ“, кој вчера беше уапсен во Куманово.

Игор Југ беше дел од групата која за време на крвавиот четврток насилно влезе во Собранието каде што беа физички нападнати и повредени некои од пратениците. Нему му беше одреден притвор, но досега беше во бегство.

Тој беше посочен дека носел пиштол за време на настаните на 27 април, а според српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, требало да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

поврзани објави

Последни објави