Вчеравечер околу 23.15 часот на бул. „Партизански Одреди” во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво врз А. Џ. (43) од Скопје.
Едното лице му одзело чанта во која имало околу 400.000 денари по што побегнало, а другото лице не успеало да избега бидејќи во близина на местото бил фатен од полициски службеник кој не бил на должност и кој случајно бил на местото. Тој го привел во Полициска станица Центар. Приведеното лице е С.А. (18) од Скопје.
Во врска со истиот настан ноќва во 00.25 часот од слобода бил лишен и Ш.П. (24) од Скопје.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.