Претседателот на ВМРО НП од Охрид Ванчо Костоски во изјава за Поглед.мк, вели дека во последните три дена се помасовно е преминувањето на членови на ДПМНЕ во редовите на партијата на Љубчо Георгиевски.
„Секојдневно е враќањето на членови на ДПМНЕ во вистинското ВМРО, во партијата на единствениот лидер на ВМРО во Македонија, нашата ВМРО НП. Само во последните 3 дена над 150 членови од ВМРО ДПМНЕ преминаа во нашите редови, при што веќе се формирани нови месни комитети со овие членови,“ вели Костоски.
Костоски потсети дека ВМРО НП во изминатиот период била отворена за сите граѓани на Република Македонија, пред се, на сите десничари кои ја застапуваат вмровската идеологија во Македонија.
„Ние сме отворени спрема сите кои сметаат дека можат да се пронајдат во нашата партија. Ќе ја искористам оваа прилика да ги повикам сите наши браќа кои се разочарани од актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ да преминат во нашите редови, со цел заедно да допринесеме за реформи на ВМРО и конечно враќање на ВМРО на ВМРОВЦИТЕ во Македонија“, рече Костовски.