15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев почнал да ја гради хидроцентралата Тополка 316 пред одобрението да стане правосилно

Фирмата на тендерашот Коцо Анѓушев доби задача да го брани криминалот на својот газда, но повторно продолжија со лаги и манипулации. Тие се дозаплеткаа во уште поголеми манипулации. Имено тие правдајќи се посочија хидроцентрала која не е спорна и е под бројот 317, но она што е вистински спорно е хидроцентралата Тополка 316 која Анѓушев почнал да ја гради пред одобрението да стане правосилно. Тоа значи дека пред очите на целокупната јавност се случува криминал, а институциите молчат со цел да ги одбранат матните бизниси на Анѓушев.

Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење.

Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветaат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.

Граѓаните ќе застанат на патот на овие бизнис картели вгнездени во власта. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му стават крај на ваквото деструктивно владеење“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави