13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

(ВИДЕО) Шилегов: На останатите кандидати не им посакувам среќа на изборите

На останатите кандидати не им посакувам среќа на престојните избори, бидејќи најискрено се надевам дека граѓаните ќе одлучат да направат промена и она што му се случуваше на Скопје и на останатите општини повеќе никогаш да не се повтори, рече кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Тој порача дека основен белег на демократијата во Република Македонија се изборите и дека тој како кандидат од владеачката партија ветува дека Република Македонија ќе има фер и демократски избори.

Извор: А1он

поврзани објави

Последни објави