1.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Едмонд Темелко уапсен во Скопје

Градоначалникот на албанската општина Пустец , Едмонд Темелко,  по кого беше распишана меѓународна потерница попладнево е упасен во Скопје, дознава СУДСТВО.мк.

Темелко е обвинет во случајот „Титаник“  на Специјалното јавно  обвинителство за изборни нерегуларности, а му беше одреден 30 дневен притвор зашто не ги почитувал мерките на претпазливост, односно да не ја напушта Македонија.

Се очекува Темелко веднаш да биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.

поврзани објави

Последни објави