4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Темелко на распит во полициската станица Беко, па во притвор

Едмонд Темелко, градоналникот на Пустец е на распит во полициската станица Беко во Скопје, по што ќе биде спроведен во Истражниот Затвор Скопје.

За Темелко кој е обвинет во случајот Титаник на СЈО, Основиот суд Скопје 1 изрече мерка притвор во траење од 30 дена. До МВР била испратена наредба за спроведување на овој обвинетиот во притвор откако за него беше распишана централна и меѓународна потерница.

СЈО утврдило дека обвинетиот Темелко не ги почитувал мерките за редовно јавување во судот, па била побарана построга мерка, тој иако имал забрана да не ја напушта Македонија, неколку пати ја поминал границата со албанска лична карта.

поврзани објави

Последни објави