27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Игор Југ излезе од Шутка, однесен на распит во обвинителството и судот

Обвинетиот за насилствата во Собранието на 27-ми април, Игор Југ, вчера излегол од истражниот затвор во Шутка, но веднаш потоа бил повикан на распит во обвинителството и во судот, потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, објави „Макфакс“.

Неофицијално, Југ е повторно вратен во притвор околу 5 часот наутро, но овој пат за друго кривично дело, односно за недозволено поседување оружје.

Тој е обвинет за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

поврзани објави

Последни објави