35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Соколов има визија Делчево да стане водечка општина во регионот: Нова развојна зона, скијалиште на Голак, нов современ градски пазар

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов најавува дека Делчево по неговата победа на локалните избори ќе биде водечка општина во регионот. Тој најави и дека ќе го подобри квалитетот на живот во општината, но и оти таа ќе ги соединува локалните и традиционалните вредност, каде поединецот и неговата творечка моќ ќе обезбеди одржлив развој.

Соколов презентираше дел од неговата програма каде најави дека Делчево ќе биде атрактивна бизнис дестинација со ефикасна администрација и развиена инфраструктура, но и оти ќе обезбеди висококвалитетни услуги за бизнис заедницата.

Јас и мојот тим издвоивме пет стратешки цели и дефинираше сет на активности неопходни за остварување на поставените цели: Поттикнување на развој на бизнисот и креирање на нови работни места, Делчево – атрактивна туристичка дестинација, подобрување на руралниот развој, подобрување на постоечката и развој на нова инфраструктура во Општина Делчево, подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со потребите на пазарот на труд на Општина Делчево, истакна Соколов.

Тој пред граѓаните вети основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево.

Изградба на скијалиште на планината Голак, изградба на нова филтер станица за вода за пиење на Брана „Лошана”, основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево, изградба на нов современ градски пазар по пат на Јавно приватно партнерство, изградба на прочистителна станица за отпадни води на градот Делчево, изградба на голем број на улици во Делчево и руралните населени места, проширување и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, посочи Соколов.

Рече дека како еден од проектите предивдени во програмата е и подобрување и зголемување на услугите во комуналната сфера, преку набавка на нов возен парк и модернизација на јавното комунално претпријатие.

-Изградба на неколку мултинаменски спортски терени со приоритет на руралните средини и населбите каде што такви не се изградени. Обезбедување на локации за градба на индивидуални објекти за домување. Подобрување на капацитетите за туризам. Зголемување на понудата во делот на културни настани и манифестации. Заштита на природата преку заштита на значајни подрачја и објекти на природата во нашата општина, превенција од елементарни непогоди, создавање на обучени тимови за заштита од елементарни непогоди и нивно опремување. Продолжување на проекти поврзани со квалитот на образованието преку создавање на подобри услови за учениците од Делчево и отварање на уште повеќе на можности преку реконструкција на училиштата, набавка на нај современа опрема за училиштата и обезбедување и зголемување на стипендиите, размена на учениици преку образовните програми кои се на располагање од земји во Европа како и продолжување на трендот на наградување на најдобрите во образованието, најави Соколов.

Според него, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира ветеното.

-Преку напорна работа, многу труд и посветеност ќе ја претвориме нашата визија и цел за Делчево во реалност. Секогаш работа, Секогаш Делчево. Секогаш Македонија е нашето мото. Работата  е нашата одлика,  работа за доброто на граѓаните. Одиме напред кон нови победи и успеси за напредно и просперитетно Делчево, со повеќе работни места и подобри услови за живот, потенцира Соколов.

поврзани објави

Последни објави