Актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за престојните избори од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Јакимовски на вечерашниот митинг изјави дека е подготвен да се повлече од трката за градоначалник доколку во Општина Центар има повеќе зеленило отколку во Карпош 4.
– Им ги слушам приказните за зеленилото. Јавно ги повикувам да измериме колку метри квадратни зеленило има во Карпош 4, а колку во Општина Центар, од границата со Карпош до плоштад. Карпош во една месна заедница, Центар во 5. Доколку таму има повеќе се откажувам од натамошната борба за градоначалник, изјави Јакимовски.
– Сме насадиле 10.480 дрвја, а сме исекле само 136, а сакаат да претстават дека било обратно, рече Јакимовски.