13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Кун Агуеро тешко повреден во сообраќајна несреќа

Напаѓачот на Манчестер Сити,Серхио Агуеро доживеал тешка сообраќајна несреќа, од која се извлекол без последици.

Несреќата се случила во Амстердам на патот кон аеродромот. Наводно таксистот, во чие возило бил напаѓачот на Манчестер Сити, се движел со голема брзина поради што не можел да го контролира возилото и удрил во бандера крај патот.

ЕСПН, кој прв ја објави веста, наведува дека Аргентинецот од ударот на возилото скршил едно ребро и дека од фудбалските терени ќе отсуствува шест до осум недели.

Според медиумите, Агуеро бил врзан со безбедносниот појас и  тоа му го спасило животот.

Сообраќајна несреќа

Доколку информациите за повредата се точни, тој ќе го пропушти саботното дерби против Челси, но и двете решавачки средби на Аргентина за пласман на Светското првенство во Русија.

Холандската полиција за „Скај спорт“ потврдила дека двајца мажи биле хоспитализирани поради повредите здобиени во сообраќајна несреќа, без да го соопшти идентитетот на повредените.
Инаку, Агуеро во Амстердам престојувал поради концертот на колумбиската ѕвезда Хуан Луис Лондањо Аријас, во музичкиот свет познат како Малум. н.ц.

поврзани објави

Последни објави