13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Виетнам: Директор на државна енергетска компанија осуден на смрт заради проневера

Поранешниот извршен директор на виетнамската државна нафтена и енергетска компанија денеска е осуден на смрт за проневера на милиони долари.

Судот во Ханој го осуди Нгуен Суан Сона, извршен директор на Петро Виетнам заради проневера на 2,15 милиони долари и за злоупотреба на неговата позиција, во обид да добие уште 8,7 милиони долари од Океан Банка.

Поранешниот претседател на Океан Банка, Ха Ван Там, кој некогаш беше еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Виетнам, беше осуден на доживотен затвор.

Судијата во својата одлука наведе дека „она што Там и Сон направиле е многу сериозно” и дека „бара строга казна”.

Случајот го привлече вниманието на проблемот со корупцијата во финансискиот сектор на таа комунистичка земја. Судењето траеше со месеци. Уште 12 од вкупно 51 обвинет, беа осудени на казна затвор до 30 години.

Зад антикорупциската кампања најверојатно стои генералниот секретар на Виетнамската комунистичка партија, 73-годишниот Нгуен Пу Тронг.

поврзани објави

Последни објави