9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија оди кон банкрот

„Катастрофалните економски политики, кои СДС и Заев ги водеше овие 4 месеци ја доведоа Македонија да оди кон банкрот.

Лошите макроекономски показатели станаа општ тренд. Имаме во континуитет пад на индустриското производство за 5.3 проценти, пад на странските директни инвестиции, пад на прометот во индустријата и градежништвото.

Во Македонија веќе не се слушаат добри вести за економски напредок, туку исклучиво негативни вести за тоа колку назадувала државата.

Македонија оди кон банкрот. Констатирање за тоа имаше и Народната Банка на Република Македонија. Пад за 1.6% се забележа во активноста на банките, надополнето со пад на БДП.

Поради лошата економска ситуација на државата, што ја створија СДС и Заев, НБРМ потврди дека банките ја намалија својата кредитна активност. Фирмите и компаниите се потешко се одлучуваат да инвестираат и земат кредит. Ваквата лоша политика ќе придонесе помалку пари за компаниите при што ќе придонесе стагнација во стопанството.

Помалку пари за компаниите значи и помалку пари за вработените, како и зголемување на невработеноста и раст на сивата економија.

Неспособноста на СДС да води економски политики, директно ја почувствуваа граѓаните врз сопствена кожа. Граѓанските пари, овие 4 месеци беа расипнички потрошени на луксузирања и партиски вработувања. Веднаш имаше пад на просечната плата за 1.3% два месеци по ред и пад на извозот во јули месец за 12%.

Бидејќи СДС е позната како влада која урива, веднаш по доаѓање на власт стопира многу градежни проекти.

Државата е во слободен пад, и ова мора да запре и граѓаните тоа ќе го направат на 15-ти октомври со пенкало во рака ќе биде испратена првата гласна порака дека е доста“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави