13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Не е само Анчелоти, уште едно големо тренерско име опција за наследник на Монтела

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан разгледува уште едно големо тренерско име како опција за наследник на Винченцо Монтела, со клупата на Сан Сиро се поврзува легендарниот Марчело Липи

По двата порази на стартот од сезоата, веднаш се појавија гласини за отказ на Винченцо Монтела.

Милан изминатово лето потроши преку 200 милиони евра на дури 10 нови засилувања, па лидерите на клубот очекуваат подобри резултати.

Откако Карло Анчелоти доби „клоца“ од Баерн Минхен, искусниот стратег веднаш се поврза со клупата на Сан Сиро.

Но тој не е единствена опција, медиумите од Италија пишуваат дека уште една големо тренерско име е на листата со желби.

Се работи за легендарниот Марчело Липи, кој во моментов е селектор на Кина.

Изминативе недели тој често е во Италија и следи натпервари од Калчото, а беше забележан на трибините и на средбата помеѓу Милан и СПАЛ.

 

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

Последни објави