13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ОК на ВМРО НП Делчево: На лагата и се кратки нозете

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија – Делчево упатува демант по објавувањето на веста за наводна поддршка на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ

Имено, дотичната госпоѓа Бобулинска ниту е член на Централниот комитет на ВМРО-НП ниту пак ЦК донел таква одлука во однос на поставеноста на партијата за локалните избори, па оттука истата нема право да зборува во ИМЕ на целото членство на партијата.

ВМРО НП донесе одлука за исклучување од членство на Гордана Бобулинска, член на ВМРО НП од Делчево токму поради нејзиниот обид во повеќе наврати во блиско минато да пласира нејзини лични одлуки во име на партијата кои прават раздор меѓу нашето членство кое во оваа партија дејствува поради идеологијата и нашиот лидер Љубчо Георгиевски. Зачудува фактот што г-ѓата во  минатото била видена на комитски средби и митинзи на ВМРО ДПМНЕ а денес истата така жестоко се противи на коалиција со партијата која токму таа ја поддржуваше.

Општинскиот комитет на ВМРО-НП Делчево ги потсетува своите членови дека е донесена единствена одлука за поддршка на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов.

поврзани објави

Последни објави