13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Заедничка вежба на МВР и Амбасадата на САД за справување во вонредна ситуација

Припадници на Министерството за внатрешни работи претпладнево во Американската амбасада ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

– Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосниците во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот, соопшти МВР.

Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Американската амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации.

поврзани објави

Последни објави