Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ од Делчево Иван Соколов денеска беше во посета на градскиот пазар во Делчево каде што оствари средба со жителите на градот и околните села.
За време на средбите кандидатот разговараше за реализираните проекти во изминатите години, а воедно презентираше дела од проектите кои се предвидени во програмата на самиот кандидат.




