13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Пецаков и Тилевски од Охрид најавија нови инвестиции во спортот

Нова трибина со соблекувални како и простории за Атлетскиот клуб Охрид и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид.

Нова трибина со соблекувални како и простории за Атлетскиот клуб Охрид и Општинскиот фудбалски сојуз Охрид.

-Младите се вижечка сила и промотор на новите вредности на општетството и градот. Младите се иднината на градот Охрид. Кога станува збор за младите, и понатаму ќе продолжиме да вложуваме значителни ресусри и посветено да работиме врз развивањето и насочувањето на потенцијалот што го имаат младите генерации и кон обезбедување подобри услови за живот и за поддршка на проекти што ќе ги опфатат нивните потреби.  Во духот на спортската афирмација на градот ќе се одржува втора година по ред  „ФУДБАЛСКИ КАМП БАРСЕЛОНА,“ летен камп за деца од 6 до 16 години под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Ќе работиме на создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид, како спортски град, истакна Пецаков

Во изминатите четири години локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во насока на развој  на  спортот и поддршка на младите несебично инвестираше во спортот. Со проектот за поддршка и субвенционирање на спортските клубови се исплатија 5.206.400 денари, се инвестираше во ракометниот клуб „ОХРИД 2013“ со што ракометниот клуб стана еден од најдобрите суперлигаши во Македонија. Инвестирајќи 12.593.000 денари во  ракометниот клуб не само што претставува директна поддршка за клубот туку и поттик за младите да спортуваат.

Се изгради современ стадион за фудбал  со вештачка трева, инвестиција вредна 300.000 евра како и десетици повеќенаменски терени на територијата на Општина Охрид.

поврзани објави

Последни објави