13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Се средија работите во Париз: Кавани му даде на Нејмар да шутира пенал (ВИДЕО)

Кавгата што пред две недели ја предизвика Нејмар очигледно вроди со плод.

По несогласувањата со Единсон Кавани, Нејмар доби право на изведување пенали и денеска го изведе првиот удар од белата точка. За негова среќа беше прецизен, а останува да почекаме дали ќе влезе во серија на изведување или наизменичко ќе шутираат со Кавани.

Она што е позитивно за тренерот Емери е што двете големи ѕвезди изгледаа среќни заедно – се поздравуваа, гушкаа по нивните голови.

https://www.youtube.com/watch?v=t2e-5LC3e60

Извор: СпортКлуб

поврзани објави

Последни објави