16.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

Судири меѓу гласачите и полицијата на референдумот во Каталонија

Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна на голем број избирачки места. Сепак, референдумот не се одржува на сите 2.300 места. Уште пред тие да бидат отворени специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона. Според службата за вонредни ситуации на Каталонија, во немирите се повредени 38 лица од кои три потешко. Шпанската полиција користи гумени куршуми за да го спречи изјаснувањето на 5,5 милиони Каталонци на референдумот за независност на Каталонија и успеа да затвори околу 15 избирачки места и да заплени материјал за гласање. Специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона.

Интервенцијата на полицијата е потребна за да се запре одржувањето на забранетиот референдум за независност на Каталонија, изјави шпански владин претставник.

Според последните информации од каталонската Влада, 73 проценти од гласачките места се отворени за гласање. Владата ги повика Каталонците масовно да излезат на гласање и да не наседнуваат, ниту да предизвикуваат инциденти.
Демонстранти низ улиците на Барселона извикуваат „ние сме луѓе на мирот“ и „не се плашиме“. На голем број места во градот се забележливи амбулантни возила.

Каталонскиот регионален претседател на Владата, Карлес Пучдемон гласаше во Корнела дел Тери, на 110 километри североисточно од Барселона. Тој не беше во можност да гласа на регуларното гласачко место близу Сент Хулиа де Рамис, бидејќи полицијата го опколи избирачкото место и не дозволуваше влез.

 Извор: ТВ Нова

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави