-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Колев: Обединета и силна Европска Унија е гарант на мирот и безбедноста на Европскиот континент

Таму каде што завршува разумот на политичарите, таму започнува насилството и крвта по улиците. Денеска во Шпанија, вчера во Украина, а каде ли ќе е утре. Европа потроши повеќе од 50-60 години да ги тргне границите, да создаде обединето и слободно обштество, некој денеска тоа може да го сруши за секунди. Жал ми е што многу луѓе на Балканот и особено во Македонија некако го подржуваат тој процес за прекројување на границите во Европа, наспротив процесот на интеграција и обединета Европа. Само сакам да им порачам на креаторите и особено на подржувачите на таа цел на Балканот, дека ние сме бурето барут во Европа. Ако ова помине во Украина и Шпанија, да не се чудиме ако некој се реши да прекројува граници и на Балканот. Не знам колку од нас осознаваат која е ЕТА и на што се е способна. Овој процес треба да заврши што е можно по брзо и на зелена маса со разговори. Се надевам дека европските лидери ќе бидат на нивото кое се очекува. Обединета и силна Европска Унија е гарант на мирот и безбедноста, но и на економската благосостојба на Европскиот континет, пишува претседателот на МБП Петар Колев на својот ФБ профил.

Таму каде што завршува разумот на политичарите, таму започнува насилството и крвта по улиците. Денеска во Шпанија, вчера…

Posted by Petar Kolev on Sunday, October 1, 2017

поврзани објави

Последни објави