Турција веќе нема потреба од членство во Европската унија, но нема да се откаже еднострано од преговорите за присоединување, изјави денеска турскиот претседтаел Реџеп Таип Ердоган.
– Ние нема да бидеме државата што ќе се откаже. Ние веќе и немаме потреба за членство во ЕУ, изјави Ердоган.
Турција веќе 12 години води преговори за членство со Европската унија и во последно време тие се во застој. ЕУ е силно критична кон акциите на Анкара по обидот за преврат лани во кои се приведени десетици илјади луѓе.
– Ако сака ЕУ да направи скок напред има само еден начин да го стори тоа. И тоа е – да и одобри членство на Турција и да почне процерс на културен и економски развој, додаде Ердоган.