28.8 C
Skopje
Tuesday, July 15, 2025

Трамп до Тилерсон: Губење време е преговарањето со Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека побарал од државниот секретар Рекс Тилерсон да не губи време за преговори со Северна Кореја.

– Му реков на Тилерсон, дека се губење време се напорите за преговарање со ‘малиот човек-ракета’, напиша Трамп на Твитер само еден ден откако Тилерсон објави дека САД директно комуницирале со Северена Кореја за нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг не покажал интерес за дијалог.

– Сочувај ја силата Рекс, ќе направиме тоа што треба да го направиме! наведува Трамп во пораката.

поврзани објави

     

Последни објави