Навивачите на Барселона денес го чекаа натпреварот против Лас Палмас во пресрет на шпанското првенство, но на крајот не можеа да присуствуваат на истиот. Како што веќе е познато, поради референдумот во Каталонија Барселона бараше денешениот натпревар да се одложи, а откако Фудбалскиот сојуз на Шпанија тоа не го дозволи Барса одлучи да го игра натпреварот зад затворени врати, односно без присуство на публика.
Тоа беше точка и на тажната судбина на една фамилија од Австралија која навива за овој клуб. Имено, брачниот пар со својот син пристигна во Барселона на натпреварот против Лас Палмас, каде картите ги резервирале уште пред три месеци.
Сепак, на крајот тие не можеа да го гледаат клубот за кого навиваат иако преминале илјадници километри. Овде не е крајот на нивните маки. Вистинските маки почначе пред самото патување. Тие резервирале карти највеќе за да го видат Бразилецот Нејмар кој е омилен играч на нивниот син, но на крајот тој не успеа да го види ниту Нејмар, ниту Барселона.
Но, на крајот имаа барем мала причина за радост бидејќи нивниот тим зад затворени врати го победи Лас Палмас со сигурни 3:0 со головите на Бускетс и Меси.