Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на старите лица, 1-ви октомври, Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе презентира мерки и активности насочени кон модернизација и стандардизација на услугите за старите лица.
Осма година по ред Црвениот крст на Град Скопје го спроведува социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, преку кој се посетуваат 180 стари лица во домашни услови на подрачјето на општините Центар, Кисела Вода, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари, Бутел и Сарај, а за активните стари лица функционираат три дневни центри за стари лица.