17.8 C
Skopje
Friday, May 17, 2024
spot_img

Заев од Крива Паланка: Ќе се бориме да ги решиме проблемите на секој поединец (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Крива Паланка истакна дека во центарот на вниманието на новите политики е поединецот. Тој потсети дека смислата за постоењето на општините, владата и парламентот е токму за да бидат во корист на граѓаните.

Премирот Заев најави и за гасификацијата во Крива Паланка, проект кој ќе се спроведе и на ниво на целата држава.

„Пред гасификацијата, во Струмица се трошеа 420.00 евра за загревање на градинките и училиштата. Денес, за загревање се трошат 170.000 евра. Сите овие повеќе од 250.000 евра остануваат ресурс за развој на градинките и на училиштата.Тие градат веќе нови кабинети, нови спортски училници, нови реквизити и ги подобруваат условите со тие пари“, изјави Заев.

Тој најави дека во програмата за Живот во Крива Паланка, се наоѓа и проектот за изградба на подземна улица и подземен паркинг, проект кој ќе биде еден од поважните, со што долгорочно ќе се реши проблемот со сообраќајниот метеж.

„Исправен сум вечерва пред вас да ви дадам збор и поддршка за Крива Паланка, за развојот на вашата општина, на оваа прекрасна наша македонска општина“, порача Заев.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави