Почитувани сограѓани,
Да беше ВМРО-Народна партија како Дарко Митевски, оваа глупост од реченица, овој врв на нелогичност, оваа “зелена” ќе беше ставена на лист хартија во форма на флаер и ќе беше разнесена низ цела Општина Македонска Каменица.

Но, ВМРО-Народна партија не е Дарко Митевски, ВМРО-Народна партија не се занимава со тоа кој што напишал и како го напишал.
ВМРО-Народна партија е насочена кон демистифицирање на личноста Дарко Митевски, личност која никогаш не била и никогаш нема да биде ВМРО и со она што тој го има стекнато како имот и финансии во неговата политичка кариера а се на грбот на рударите и нашите чесни сограѓани.
ВМРО-Народна партија се грижи за Општина Македонска Каменица и им посакува се најдобро на граѓаните на истата.
ЗАОКРУЖИ 19,
ЗА Марјан Велиновски,
ЗА вистински претставник на граѓаните во Советот на Општина Македонска Каменица.