Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, денес одржа прес на кој што најави многу проекти за најмладите, бидејќи, како што вели тој тие го завземаат централното место во неговата програма што ќе ја реализира како можен иден градоначалник.
„Најавувам дека ќе изградиме нова современа детска градинка во Маџир Маало со капацитет за 150 дечиња. Во мојот мандат ќе ги реконструираме и постоечките градинки за да имаат нашите најмали најдобри услови за престој и играње. Ќе ја завршиме изградбата на основно општинско училиште во Капиштец за 500 ученици, и ова ќе биде прво училиште кое по 46 години се гради во општината. Ќе ги реконструираме и сите други основни училишта за да има квалитетен образовен процес. И една убава вест за родителите. Нивните деца ќе можат да престојуваат од еден до три часа во ‘Игротека Центар’ која ќе ја изградиме. Тука родителите ќе можат да бидат сигурни дека децата ќе ги добијат потребните грижа и внимание. Најавуваме и многу други проекти за правилен развој, игра и образование кои ќе ги реализирам јас како градоначалник, мојот тим и советниците, бидејќи децата се нашата иднина”, изјави Богдановиќ.








