Онлајн книжарницата „КупиКнига.мк“ ја објави листата со 20 најпродаванИ книги, од каде што велат дека книгите кои оставиле најголем печат се од жанрот белетристика.
„Романите, трилерите и љубовните книги повторно се најпопуларни, и овој тренд е константен кај нас“, вели Елена Темелковска, продукт менаџер на „КупиКнига.мк“.
Мисо две последователни години се наоѓа на првото место на оваа листа, а овој пат е со неговата книга „Во еден момент“. Вкупно три негови дела се застапени во топ 20 листата. На второ место е „Т.е. љ.у.б.а.м. -тоа е вистината“ од македонскиот писател Александар Алексов, додека на третото место е „Книга на спомени“, која е втор дел од трилогијата „Казна за гревот“ на познатата авторка Бачиќ – Алимпиќ.
На списокот се и книги како „Живот без граници“ на Ник Вујичиќ, „ Терапија“ на Себастијан Фицек , „Умрен човек “ на Игор Џамбазов , „Мотивација“ на Брајан Трејси и „Килибар и свила“ на Неџма.