13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Син ми беше нападнат со секири и шипки

Пред четири пет дена се местеа изборни плакати, тие почнаа со инциденти. Се јавивме кај Оливер Спасовски, тој рече од двете страни кој и да згреши, нема да има привилегии за никој, објасни Амди Бајрам пред болницата „8 септември“ за тепачката помеѓу две групи во Шуто Оризари каде нападнат беше и неговиот син, Елвис Бајрам.

Видео: А1он

Градоначалникот оди од куќа на куќа и одеднаш му излегоа со секири, со шипки, го удриле. Ми кажаа дека шефот на кабинет е прво удрен, а потоа со шипки и секири е удрен мојот син, рече Амди Бајрам.

-Тие се позната фамилија, тие го држеа пазарот во Шутка со рекет и сила, тие се тргнати од таму и сега се со СДСМ, рече Бајрам.

Извор: А1он

поврзани објави

Последни објави