7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

СДСМ го осуди насилството во Шуто Оризари и го повика МВР да го расчисти случајот

СДСМ вечерва преку соопштение го осуди насилството и денешниот инцидент во скопската општина Шуто Оризари во кој е повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам.

Партијата истакнува дека насилството е неприфатливо и апелира институциите да го расчистат случајот.

– Очекуваме Министерството за внатрешни работи и надлежните институции до крај да го расчистат случајот, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата согласно законите, се вели во соопштението.

СДСМ ги повикува сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.

поврзани објави

Последни објави