-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Нашето УМС е пиреј, сечи, кини, пак опстојува – СО ВАС СМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ГЕОРГИЕВСКИ!

Унијата на Млади Сили на ВМРО НП со соопштение до јавноста

Ви го пренесуваме во целост

 

Како да забораваме како се однесуваа кон нас лично и како членови на ВМРО-Народна партија. Како да заборавивме каков трн во очи им бевме кога опиени од власта и моќта не знаеја за ништо друго освен нивните апетити за повеќе власт. Како да заборавивме како ги напаѓаа нашите најблиски соработници, сопартијци, како ги отпуштаа од работа, со какви притисоци и закани се соочуваа токму моите сопартијци и соборци.
Епа има луѓе кои срцето, душата, здравјето го оставија за ВМРО-Народна партија, има луѓе кои изгинаа, ги означија, загубија фамилии, животите им ги урнисаа само затоа што биле ВМРО-Народна партија, има млади кои младоста ја оставија за идеологијата без трошка потреба од некаков интерес, само и само заради идеологија и Љубчо Георгиевски.
Години нераскинлива врска помеѓу себе, браќа, сестри, другари и другарки рамо до рамо без чувство на нималку страв издржаа секаков притисок само затоа што се од ВМРО-Народна партија.
ВМРО-Народна партија години наназад минува низ разни премрежја, упади, “преминувања“, нарачани згаснувања но знаете ли сепак што ја одржи во живот? ВЕРБАТА, ЕНЕРГИЈАТА, чувството за припадност, идеологијата, СПЛОТЕНОСТА, #ЉубчоГеоргиевски.
Бевме присутни во сите клучни моменти за кои партијата или се радувала или жалела НО сме биле присутни без трошка дилема дали треба или не, дали губиме или победуваме, затоа што ЧОВЕКОТ кој не обедини беше секогаш со нас, затоа што секогаш водени од чистата десна, вмровска мисла правецот беше поарно со чист ОБРАЗ отколку оргомен интерес, а малку ЛИЦЕ, затоа што ВМРО не е само збирката на луѓе по Општински комитети, збирот на луѓе од “Централата“, ВМРО се луѓето надвор, чуму ни е слободната мисла ако немаме чисто ЛИЦЕ да се појавиме пред луѓето надвор.
Затоа, ние Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија Ве уверуваме дека сме последниот и најцврст бедем позади единствениот лидер на ВМРО (Народна партија) преку кој ќе мора да поминете за да си ги остварите вашите “интересни“ замислени чекори, последниот бедем пред да некој се дрзне да руши, подбуцнува и пробува да обезличи нешто што со нашите животи градевме сиве овие тринаесет години, последниот бедем заедно со сите членови и симпатизери кои заедно со нас издржаа до денеска и дадоа свој придонес во развитокот на ВМРО-Народна партија.
Моторот работи со полна пареа, и нека не ве залажува некаков демотивирачки коментар од некакви си “подбуцнувачи“, кој не верува слободно може да дојде и да провери.
Претседателе Ljubco Georgievski #ТукаСме заедно, порешителни и посилни од било кога за конечни #промени и унапредување на идејата на ВМРО за уште појако позиционирање на ВМРО-Народна партија, бидејќи без Вас ниту имало ниту може да има #промени #ЗаСилноВМРО.

поврзани објави

Последни објави