2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богоев: 2017-та во Кузман, како во Среден век

Претседателот на СДММ и пратеник во собранието од редовите на СДСМ, Стефан Богоев објави на социјалните мрежи како во моментот живеат студентите во Студентскиот Дом „Кузман Јосифовски – Питу“.

„Студентите сместени во СД Кузман Јосифовски – Питу веќе неколку дена мрзнат без греење, со има – нема струја и едвај 2 часа во денот има топла вода. Откако власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување најпрво пред изборите ги изжедни студентите од Кузман оставајќи ги без вода, сега пост-изборно ги наградува со сибирски тренинг на издржливост на -20 и со бесплатна обука за учење под свеќа! Шегата на страна, Министерство за образование и наука итно да го реши проблемот уште денес, за да не бидеме приморани ние младите и студентите сами да делуваме и да се солидаризираме!“, истакна Богоев.

На социјалните мрежи се појавија и повеќе фотографии од тоа како изгледа студентскиот дом во текот на ноќта, кога нема струја и се препуштени сами на себе.

поврзани објави

Последни објави